Османи: Името ќе се реши многу брзо - нема потреба од референдум
Премиерот Зоран Заев после изборите најави дека ќе забрзано ќе се оди кон решавање на спорот со името на Македонија и Грција. Иако во многу наврати премиерот најавуваше дека токму граѓаните се оние кои што на референдум ќе го имаат последниот збор за промената на името, вицепремиерот Бујар Османи со различен став.
-И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името, ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните, бидејќи граѓаните бараат Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.
На прашањето дали решението на спорот ќе оди на референдум, вицепремиерот во Владата на Заев кажа дека овие избори биле референдум.
-На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, изјави Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа