Османи ретерира: За спорот за името ќе има референдум
Вицепремиерот Бујар Османи ретерираше. По вчерашната изјава дека нема потреба од референдум за спорот за името, Османи на социјалните мрежи напиша дека во жестината на дебатата не бил доволно прецизен.
„Во жестината на дебата, некои работи не ги објаснив доволно прецизно, па дозволете да бидам прецизен. Владата доби доволно политичка поддршка за да може храбро да влезе и во решавање на спорот за името. Но, тоа не значи дека евентуалното взаемно прифатливо решение би било донесено без за тоа да бидат прашани граѓаните, т.е., без референдум.“ – напиша Османи на Facebook.
Прецизирањето на Османи следи по вчерашната изјава на Алсат во која рече дека нема потреба од референдум бидејќи граѓаните својот став го кажале на локалните избори.
-На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, изјави Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа