Познат идентитетот на починатата прилепчанка - обвинителството бара обдукција

Дваесетишест годишната прилепчанка со иницијали Е.К изутрината околу 5.50 часот била пронајдена мртва во својот дом.

Семејството повикало итна медицинска помош, но екипата само можела да ја констатира смртта на младата жена. Била повикана и полицијата, а увид напрвил и обвинител од основното јавно обвинителство.

Според јавниот обвинител Ристо Шошески, за да се утврдат причините за смртта побарано е да се изврши обдукција врз телото на починатата жена.

25-годишната Е.К. од Прилеп беше вработена во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како медицинска сестра.

Според „Република“  младата медицинска сестра во текот на денот  била во општата болница “Борка Талески” во Прилеп.

 

 

 

 

06.11.2017 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега