ФОТО: Трагедија на плажа во Албанија - две лица се удавија во огромни бранови

 

По силното невреме кое го зафати брегот на Јадранското Море, две лица се удавија во големи бранови во албанското летувалиште Велипоја. 

 50-годишниот Аднан Халими од Урошевац, Косово бил првата жртва на големите бранови, додека вториот давеник, албанскиот државјанин Муфит Пачрами (56) од Скадар се удавил обидувајќи се да го спаси Халими. Од големите бранови биле спасени уште три лица, јавуваат албанските медиуми.

Според локалната полиција, трагедијата се случила вчера попладне по 18 часот, кога невообичаено големи бранови ја заплиснале плажата во Велипоја во северниот дел на земјата.

Како што пишуваат локалните медиуми, на плажата имало и македонски туристи, но, нема информација дали некој од нив бил жртва на невремето и брановите. 

28.08.2013 - 10:39
Фото: 
lajmeshquip.org

најчитано сега