Го гризнал за прст па крвнички го претепал - збеснат велешанец беснеел низ село

Вчера вечерта околу 21 часот, 51 годишниот Д.П. од селото Иванковци бил физички нападнат од свој соселанец.

Како што информираат од МВР, Д.П. седел на клупа пред продавницата во селото, кога без никаква причина бил нападнат од 48 годишниот Ж.Ѓ. Насилникот го гризнал Д.П. за показалецот, земал една од неговите штаки и со неа го удрил по главата, а потоа откорнал даска од клупа и го удрил беспомошниот човек во раката.

Претепаниот селанец заработил повреди по главата и телото и бил пренесен во велешкиот Медицинскиот центар. ПОлицијата работи на расчистување на случајот.                                     

28.08.2013 - 11:20

најчитано сега