Докторот кој вчера беше прободен на Клинички бил функционер на партија од власта

Високо позициониран функционер на една од партиите од власта бил докторот кој вчера вечерта беше прободен пред влезот на Клиничкиот центар во Скопје. Според се уште неофицијалните информации, докторот Н.З. бил прободен од сопруг на една од неговите колешки. Од МВР нема официјални информации за случајот освен потврда дека докторот бил прободен вчера во 19:50 во двете слабини над бубрезите и дека се наоѓа надвор од животна опасност.
Дел од медиумите пишуваат дека на полицијата и е познат идентитетот на напаѓачот и дека станува збор за сопруг на колешка на докторот, но за оваа информација нема официјална потврда. Оттука и мотивот за нападот останува непознат.

 

 

 

10.11.2017 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега