Претекнувал камион, излетал па се запалил - еден загинат на патот Прилеп-Битола

Во 08.00 часот во текот на вчерашниот ден на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај местото викано „Петилеп“, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот М.Л. од Скопје, претекнувајќи товарно возило „МАН“, со левата страна на возилото удрил, прво во ретровизор од возило „Шкода Фабија“ со битолски регистраски ознаки, а потоа во патничко возило „Рено Твинго“ со битолски регистраски ознаки, управувано од 19-годишниот Ѓ.Т.  од Битола, кое излетало надвор од коловозот и се превртело на покривот.

Полицијата информира дека потоа со десната страна “мерцедесот“ удрил во кабината на товарно возило „МАН“, по што излетал надвор од коловозот каде застанал. Во тој момент во возилото настанал пожар при што целосно изгорело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Рено Твинго“ Ѓ.Т. и 18-годишниот А.Б. од Битола, сопатник во истото возило.

На нив им била укажана медицинска помош во Клиничка болница Битола, каде  Ѓ.Т. од здобиените повреди починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

 

 

 

10.11.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега