Деца нападнати на „Партизанска" за 300 денари

Во 21.00 часот синоќа во Полициската станица Карпош, вработен во домот „Здравко Цветковски“-Скопје, пријавил  дека во 18 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај автобуската постојка, биле нападнати штитеници од домот, А.М. од Ресен и М.Б. од селото Другово-Кичево, кои се малолетни.

Според пријавата, додека А.М. и М.Б. чекале автобус, им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со  закана им побарале да им дадат се што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

 

 

 

11.11.2017 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега