Насилници „оперираат" во Карпош - нападнато дете кај Универзална

Околу 21 часот и 45 минути во Полициската станица Центар, се јавила Ј.Г од Скопје и пријавила дека околу 18 часот во Скопје  во непосредна близина на Универзална сала, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз нејзинот седумнаесет годишен син.

Се работи за Д.Г. на кого тројцата насилници му одзеле 300 денари.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Претходно во полиција било пријавено и од вработен во домот „Здравко Цветковски“ - Скопје дека во 18. часот на Партизанска, на автобуска постојка биле нападнати двајца малолетни штитеници од три непознати лица.

 

 

 

11.11.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега