Голема полициска потера близу Струмица

Во 20,00 часот синоќа од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полициската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на бензинската  пумпа од правец кон селото Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила.

Полицијата денеска информира дека едното возило било марка  „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки, а другото „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај селото Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон селото Попчево.

Во 20 часот и 45 минути на шумскиот пат во близина на браната во селото Водоча, возачот  на “Форд Мондео-то“ излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина.

При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле  во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.

 

 

 

11.11.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега