Експлодираше плинска боца во Куманово - двајца со изгореници во болница

Вистинска драма се одвивала синоќа во 21 часот во Куманово на улицата „Никола Тесла“, каде настанал пожар во гаражата на М.Ј. 

Полицијата информира дека поради невнимание при замена на цевка за плин, монтирање и демонтирање на плинска боца на патничко возило „Рено 18“ со кумановски регистарски ознаки на 54-годишниот Т.М. од Куманово, додека Т. М и А.Ц. биле заедно во каналот под возилото, дошло до експлозија и се запалила инсталацијата за плин на возилото, при што  внатрешноста на истото целосно изгорела.

За жал, двајцата кумановци кои биле во каналот се здобиле со изгореници од втор степен во пределот на рацете и лицето, а изгорела и гаражата.

Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински Центар - Куманово за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарната единица -Куманово.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

 

12.11.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега