Три млади момчиња претепани пред кафеана во Тетово

Три млади лица вчера биле физички нападнати пред кафеана во Тетово.

Од МВР известуваат дека вчера околу 03 часот и 15 минути во Тетово на улица „Иво Рибар Лола“ пред угостителски објект врз 25- годишниот Д.К, 18- годишниот П.О и 23- годишниот Е.Џ, сите од Тетово, извршено е насилство од страна на десетина лица, на тој начин што физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што се здобиле со видливи повреди (крвни подливи, црвенила), додека Д.К. се здобил и со расекотина на устата и расекотина на левата аркада.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.11.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега