Семејна драма во Скопје - со секира му го искршил черепот на својот брат

Вчера околу 9 часот, случаен минувач пријавил дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје имало машко лице кое имало повреда на главата и обилно крварело. Констатирано е дека се работи за 30-годишниот Т.С. село Долно Соње-Скопје кај кого се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош. По кажување на повредениот, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата. Предметот е пронајден во нивната семејна куќа.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

13.11.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега