Пронајдена неексплодирана мина во кумановско

 

Пронајдена неексплодирана мина во кумановско.

Од МВР денес известуваат дека вчера во 14 часот и 30 минути во Куманово на патниот правец од село Слупчане кон село Алашевце на местото викано Борово при собирање на шишарки, 55- годишниот Ќ.Р од село Ваксинце пронашол неексплодирана мина од минофрлач 66мм, која најверојатно потекнува од 2001 година.

Увид на лице место извршила екипа при СВР-Куманово, во содејство со екипа од Антитероризам и истата е подигната од лице место за понатамошна постапка. Известена е и Дирекција за заштита и спасување..

 

 

 

 

13.11.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега