Страшна сообраќајка во Скопје - жена се бори за живот

Две лица се повредени, од кои една жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера во 21 часот и 40 минути се случила на улицата „Ресенска“ во Скопје.

Несреќата се случила кога возило „Смарт“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т. и возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 22-годишниот Ш.М. од селото Арачиново, се судриле, при што М.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Градска општа болница „8-ми Септември“.

Жената по несреќата се бори за живот, информираат од полициата.

Другиот возач се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување.

 

 

 

13.11.2017 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега