Малолетник нападнат во Градски Парк - седми случај за неколку дена во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот било пријавено дека во Скопје кај фонтаната во Градски парк, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над 15 годишeн малолетник од Скопје.

Тие му ја одзеле јакната и 200 денари.

Ова е седми напад на малолетник од петокот до сега. нападнато беше дете и вчера, како и викендов и тоа за 300 денари на партизанска.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

 

 

 

14.11.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега