Собранието утре ќе гласа за потребата од донесување на законот за јазиците

 

Заврши денешната собраниска расправа за законот за употреба на јазиците во прво читање. Гласањето за потребата од законот за јазиците е закажано за утре попладне.

 Пратениците во комисијата, ќе достават амандмани на законот. Според собранискиот Деловник, законот има европско знаме, што значи дека расправата во Комисијата трае три дена. Потоа законот оди на пленарна седница. Ако има прифатено предходно амандмани на законот, се расправа по амандманите на седницата. Ако нема амандмани, пратениците треба само да гласаат.

Законот се носи со просто мнозинство, мора да има кворум од 61, а од нив треба да гласаат 41 пратеник , плус „Бадинтер“, односно да гласа и мнозинството припадници од малцинските заедници.

 

„Македонија достигна едно ниво во меѓуетничките односи, но со овој закон ќе го бетонираме на основи кои се тотално апсурдни. Единствена перспектива е да изградиме граѓанско, мултиетничко општество во кое поединците ќе се чувствуваат рамноправно. Затоа апелирам оваа дискусија за законот да се искористи во тој правец“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека опозицијата ќе гласа против, а за понатака спремале голем број на амандмани, со кој, како што рече, ќе се обиделе да ја спречат дискриминацијата што се прави кон помалите етнички заедници спомнати во Уставот, како и да се разјасни дали законот ќе важи на целата територија, или само во деловите каде живеат над 20 отсто од малцинствата.

 

 

 

14.11.2017 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега