Вонредна состојба во Грција - огнена стихија го голта централниот дел на земјата
Десетици лица се хоспитализирани, додека станбени и деловни објекти се зафатени од пожарот, кој од вчера беснее во реонот Ламија, во централна Грција.
Властите евакуираа и дом за стари и изнемоштени лица.
Полициски единици се распоредени околу две села во регионот и вршат оценка на ситуацијата пред евентуална одлука за евакуација на населението. Жителите на селата ги напуштиле своите домови.
Линијата на огнот е близу градот Ливадија и се простира на плоштина од 15 илјади декари. Во регионот се наоѓаат десетици пожарникари и доброволци, кои се борат со огнената стихија.
29.08.2013 - 08:20