Две сообраќајки на автопатот Тетово- Гостивар предизвикани од кучиња скитници

Две сообраќајки со кучиња скитници што поминале без повредени лица, а со материјална штета од околу 40 илјади денари се случиле вчера на автопатот Тетово-Гостивар информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци првата сообраќајка се случила во близина на клучката за Жеровјане околу 12 часот кога патничко возило „Мерцедес“ со хрватски регистерски таблици што го управувал 47- годишниот Ј.Е од Камењане, удрило и усмртило куче-скитник кое се движело по коловозот. Немало повредени во возилото додека причинетата материјална штета се проценува на 30 илјади денари.

Три часа подоцна на автопатот во близина на клучката за Тумчевиште патничко возило „Рено клио“ со гостиварски таблици управувано од Џ.Ш.(42) од Градец исто така удрило и усмртило куче -скитник.И во оваа несреќа немало повредени а вкупната материјална штета се проценува на 10 илјади денари.

 

 

 

24.11.2017 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега