Обвинетите за масакрот кај Смилковци ќе излезат на слобода?

Врховниот суд ги прифати жалбите на одбраната во случајот „Монструм“, за масакрот кај Смилковското Езеро. Со ова, случајот „Монструм“ се враќа на повторно судење во кривичниот суд.

- Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот, жалбите се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинуваат, со што предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување, наведено е во денешното соопштение од Врховен суд.

За петкратното убиство во Смилковското езеро во 2012 година на доживотен затвор беа осудени шест лица под обвинение за терористичко дело. Со прифажањето на жалбите, сега тие би можеле да излезат на слобода.

За потсетување, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година, како и 45-годишен рибар. 

Обдукцијата покажа дека на младите момчиња било пикано од три вида оружје.

Убиството предизвика протести на жителите на Радишани.

 

 

 

24.11.2017 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега