Четири дена само на пастрмајлии - еве што ја чека Македонија на „Штипската пастрмајлијада“

Штип се подготвува со подготвките за овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрмалијада 2013“.

 „Штипската пастрмалијада 2013“ оваа година ќе трае четири дена и ќе се оддржи на 10, 11,12 и 13 октомври. Манифестацијата на 11 и 12 октомври ќе се совпадне и со оддржувањето на „Макфест 2013“. 

Минатата година, манифестацијата се одржа на градскиот плоштад а претходните две години (2010 и 2011) на улицата „Ванчо Прке“. Оваа година, предлог е „Пастрмалијадата 2013“ да се оддржи на крак од улицата „Ванчо Прке“, поточно од новиот кружен тек па се до преминот под градскиот трговски центар. Оваа локација им е примамлива на организаторите поради поголемиот број на кафулиња и ресторани кои би требало да донесат поголема фреквенција на луѓе.

Оваа локација се покажала како погодна, на неодамнешното отворање на штипско кафуле, кога паркинг просторот бил испразнет и била поставена мала сцена за концерти. На улицата биле поставени и голем број маси и столови. Сцената за „Пастрмајлијата“ најверојатно ќе биде поставена пред патниот премин, па посетителите кои ќе ја посетат манифестацијата, ќе можат и да уживаат во пастрмалиите и да го следат настапот на изведувачите.

Концептот за штипската пастрмајлијата може да претрпи одредени измени пред се во техничка смисла, додека датумите и локацијата се веќе дефинирани.

30.08.2013 - 10:46

најчитано сега