Притвор за охриѓани фатени со марихуана

40-годишниот Ц.М. и 27-годишниот Н.К. од Охрид си заработија кривична поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршен преглед во возилото на  Ц.М. во кое сопатник бил Н.К. е пронајдена наркотична дрога марихуана. По ова, се извршени претреси и во домовите на пријавените каде  исто така е пронајдена марихуана.

Од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

најчитано сега