Џерод Хендерсон обвинет за силување на одбојкaрка

 

Џерот Хендерсон некогашниот кошаркар на Црвена Ѕвезда и Хемофарм е обвиент за силување на американската одбојкарка Меган Ганцер. Клубот во кој што играл во том момент, Ердемит, откако слушнале за обвинението веднаш го отпуштиле од тимот. Во извештајот е истакнато дека Хендерсон ја нападнал одбојкарката на 9-ти февруари во Анкара во нејзината куќа. Хендерсон требало да отиде со неговите пријатели на една забава, по што во тој момент запознал неколку спортисти од Америка, меѓу кои и Ганцер. 

Во текот на вечерта тие биле во неколку локали и добро се забавувале, а потоа тие двајца отишле во нејзината куќа. Утрото одбојкарката ги викнала нејзините пријателки и полицијата и рекла дека е силувана. Судот покренал истрага, а американскиот кошаркар, кој ја негирал вината ќе се брани од слобода.

најчитано сега