Одложено судењето за убиството на четиригодишниот Алмир од Куманово

Одложено е денешното судење против обвинетиот Бобан Илиќ, инфорираа адвокатите на инволвираните во случајот.

Наредното рочиште на кое ќе бидат изнесени завршните зборови е закажано за 10 јануари наредната година.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“. 

 

 

 

19.12.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега