Четири дена ни трага ни глас: Рибар исчезна во водите на Дојранското Езеро

Скоро 4 дена полицијата трага по рибар кој на 15 декември се претпоставува дека се удавил во водите на Дојранското Езеро. Од полицијата потврдуваат дека се преземени сите мерки за да се пронајде човекот но до овој момент потрагата не дала резултати. Инетервенирала и специјалната полиција која со нуркачи го пребарувала дното на езерото но не успеале да го најдат рибарот но било најдено неговото кајче и рибарската мрежа.
Соседи на исчезнатиот рибар велат дека најверојатно го фатило невреме додека рибарел на езерото и претпоставуваат дека се удавил откако малиот чамец со кој ловел се наполнил со вода.

 

 

 

 

 

19.12.2017 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега