Кривична за врховниот судија - малата Александра цела година не ја однел во 1 одделение

На 12ти септември во Скопскиот кривичен суд Александар Бошњаковски и неговиот син Стефан ќе седнат на обвинителна клупа. Пензионираниот Врховен сдуија и таткото на 6 годишната Александра ќе одговараат за незаконско одземање дете, јави Сител

По 3 месеци од ддонесувањето на извршната одлука со која Александра тѕреба да се врати кај мајка и, обвинителството конечно реагираше и побара кривична одговорност.

До соочувањето со правадата во судница, Александра сепак останува кај нив а институциите на системот покажуваат немоќ да го спроведат законот и извршат судксата пресуда.

Каде е закочена постапката во која 6 годишното девојче е заложник, нема одговор ниту извршителот Драган Томиќ, ниту полицијата, ниту  судот а центарот за социјални работи се прогласува за ненадлежен.

Чекајќи го стартот на судскиот процес малата Александра по втор пат се соочува со ризикот да ја загуби можноста да оди на училиште откако минатата година имала над 500 изостаноци а семејствпото не ја донело ниту на полагање класен испит.

Поранешмниот Врховен судија во телефонски разговор одби да одговори дали од понеделник Александра ќе оди на училиште.

Неизвесно е кој ќе ја поднесе одговорноста за загубената година на Александра од задолжителното основно образование и дали на Бошњаковски му се заканува уште една пријава.

Дос ега неколку пати одделот за потраги на МВР чукнал на неговата врата но не девојчето не било пронајдено а судот одбивал да даде решение за присилно извршување.

30.08.2013 - 21:56

најчитано сега