Фудбалски терени ќе никнат во 10 општини низ Македонија
Фудбалската федерација на Македонија започна со реализација на проектот за поставување на 10 фудбалски терени низ Македонија.
Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски, денеска на потпишувањето на договорот о општина Велес истакна дека подготовките течат нормално.
-Со општините веќе потпишавме договори, со што се надевам дека во најбрз можен период ќе се реализира. Сето тоа ќе значи подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, ќе придонесе за развој на фудбалот генерално на територијата на цела Македонија, рече Ѓорѓиевски.
Имаме еден проект кој го најавивме и предходно, што значи превземање на клубовите, ќе започнеме со ракометот како проект и се надевам дека тој проект ќе биде успешен, со што ќе продолжиме со другите клубови, истакна Чадиев, градоначалникот на Велес.
ФОТО:Сител