Се зголемува бројот на работниците во индустријата

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи пораст од 1,7 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 7,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто и Капитални производи за 5,3 отсто.

ФОТО:Сител 

најчитано сега