Му ветил помош, а му земал се - Турчин измамен во Скопје

Во 23 часот и 30  минути во Полициска станица Аеродром, 27-годишниот Б.Б. од Република Турција пријавил дека истиот ден околу 15 часот пристигнал во Транспортниот центар во Скопје по што му се јавил на негов пријател во Турција и се договориле да се слушне со лице Џ.С. за да му помогне при купување на повратен патен билет за Босна и Херцеговина.

Околу 17  часот се сретнал со Џ.С. и седнале во ресторан каде истиот му побарал пари за да му купи билет. Б.Б. му дал 30.000 денари, а Џ.С. му го побарал и неговиот мобилен телефон бидејќи наводно неговиот му бил испразнет.

Откако му ги дал парите и телефонот, Џ.С.  се упатил кон билетарите со цел да извади патни билети и не се вратил стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 42.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

28.12.2017 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега