Фото: Македонец направи сообраќајка во Германија - камионот се превртел, колата висела од ограда

Македонски возач на камион со бугарски таблички пред две недели беше дел од верижен судир со уште две патнички возила, по кој излета од автопат во Германија и се преврте, но 57-годишникот поминал без посериозни последици.

Како можна причина полицијата ја наведува прекумерната брзина на движење на двата автомобила на лизгавиот коловоз од снегот што паѓал. Виновник за судирот е 47-годишниот возач на „голф“ од Лудвигсфелд, кој се движел на крајната лева лента и изгубил контрола врз возилото, удрил во „пежо“ во средната лента управувано од 55-годишен жител на Хамбург, а тој потоа се судрил со камионот на десната лента.

40-тонскиот камион натоварен со камења се излизгал од десната страна на патот, ја пробил заштитната ограда, се спуштил надолу по насипот и се превртел. „Пежото“ застанало половина на оградата, а другата половина висела на насипот. 

Камионот е извлечен со кран.

 

 

 

 

28.12.2017 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега