Полицијата влезе во локал во Тетово

Во 01 часот и 30 минути од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Тетово, беше спроведена акциска контрола во угостителски објект сопственост на 35-годишниот М.А. од Тетово, лоциран на регионалниот пат Тетово–Сараќино.

При контролата биле затекнати и приведени 16 женски лица, од кои 12 странски државјанки, девет од Република Србија и три од Република Албанија, како и четири од Република Македонија. Затекнатите во објектот, на возраст од 20 до 47 години, биле ангажирани како танчерки.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки биле задржани во Полициската станица Тетово, за понатамошна постапка. 

 

 

 

28.12.2017 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега