Полицијата упадна во локали во Гостивар и Тетово - приведени 17 лица
Синоќа од страна на полициски службеници од полициската станица Гостивар, полициското одделение Галате и полициското одделение Чегране била извршена акциска контрола во два угостителски објекти.
Во угостителскиот објект на улица „Илинденска“ во Гостивар биле затекнати и приведени две женски лица–државјанки на Република Македонија.
Во угостителскиот објект во село Форино, гостиварско, биле затекнати и приведени четири женски лица (една државјанка на Република Македонија, една државјанка на Република Албанија и две на Косово).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Исто така, утрово во периодот од 24:30 до 2 часот, од страна на полициски службеници од полициската станица Тетово била извршена акциска контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско.
Во објектот биле затекнати и приведени 11 женски лица (седум државјанки на Република Албанија и четири државјанки на Република Македонија).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа