Бензинска пумпа во Охрид наместо гориво точела вода

 

Охриѓани се пожалиле дека позната бензинска пумпа во градот, наместо бензин, во резервоарите им точела вода. Поради тоа, тие имале проблеми со своите автомобили. Како што јавуваат охридските медиуми, шричината најверојатно е скинато црево преку кое доаѓала водата во резервоарите на пумпата.
Случајот бил пријавен во полиција и во надлежните инспекторати. Началникот на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалевски за А1он го потврди настанот

„Веднаш излеговме на терен. Се земаат примероци од бензинот кои веднаш ќе бидат пратени на анализа во Скопје. Се додека не ги добиеме резултатите од анализите, нема да се превземи ништо“, истакна Бошалевски за порталот.

Граѓаните најавиле тужби против бензинската пумпа.

31.08.2013 - 00:37

најчитано сега