Видео: Христијан Мицкоски пречекан со аплауз и овации во ОК Кисела Вода
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на состанок на општинскиот комитет на партијата во Кисела Вода.
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ со аплауз и овации беше пречекан во преполната сала, каде партиските членови топло го примија и го поздравија.
На состанокот се разговараше за актуелната политичка ситуација, начинот на дејствување во периодот што следи, како и реорганизација на општинскиот и месните комитети.
29.12.2017 - 23:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа