Таравари на печалбарите им вети поддршка за нивните инвестиции и „недела на иселениците“

 

 Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на средбата со иселениците кои за време на новогодишните празници престојуваат во родниот крај, најави поволности кои локалната самоуправа планира да ги воведе и ќе им бидат од корист.

Во обраќањето, градоначалникот појасни дека тој и општинската администрација ќе им бидат на располагање на ислелениците за им се помогне за да го инвестираат својот капитал во татковината.

Како една од новините што ќе започнат да се спроведуваат од годинава е почнувајќи од ова лето, е „Недела на иселениците“ манифестација, во чии рамки, седум дена ќе се организираат уметнички, културни, забавни и спортски активности. Притоа беше нагласено дека од 15 декември во општина Гостивар функционира Канцеларија за иселениците, која ќе работи до 15-ти јануари, а во летниот период, канцеларијата ќе биде отворена три месеци.

Градоначалникот се осврна и на актуелната состојба во општината која како што рече се соочува со опструкиции на политичките опоненти.

- Ја наследивме општината со огромни долгови кои надминуваат два милиони евра, а долгот на јавните претпријатија е неколкукратно поголем. Наследивме крајно партизирана општинска администрација, јавни претпријатија и училишта. Констатиравме дека има бројни злоупотреби со јавните пари, односно со парите на гостиварските даночни обврзници. Сите ќе ги обелодениме и пријавиме кај надлежните, така што нема да трошиме енергија и нема никој да нѐ спречи да ги тераме работите напред, истакна градоначалникот Таравари.

Во врска со нефункционирањето на Советот на општината, тој ги запозна иселениците дека тој и општинските советници кои го поддржуваат, направиле напори и дека се залагаат да се изнајде компромис за соработка.

На средбата, градоначалникот и неговите соработници одговраа на прашања на печалбарите и ги бележеа нивните сугестии и забелешки, за кои како што беше речено има голема можност за нивна реализација

 

 

 

02.01.2018 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега