Крвава тепачка во Тетово: Младо момче без свест на улица
Во 04 часот и 30 минути две лица од Тетово, 22-годишниот О.С. и 22-годишниот С.С. во Полициската станица во Тетово пријавиле “насилство“ од 17- годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица.
Според пријавата, додека двајцата пријавители со уште една девојка околу 02 часот и 15 минути се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата.
Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест.
Двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница. Се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа