Ја скршиле вратата и го ограбиле храмот „Св.Кирил и Методиј“

Во периодот од 16  до  07 часот утрово во Тетово во  соборниот  храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на улицата „Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари.

Причинета е материјална штета од околу 12.000  денари, а СВР-Тетово презема  мерки  за целосно расчистување  на настанот.

 

 

 

14.01.2018 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега