Притворените Василески, Арнаудов и Бетмен штрајкуваат со глад
Охридските пратеници Сашо Василески и Љубен Арнаудов како и Богдан Илиевски Бетмен од денес започнале штрајк со глад – објави порталот Охрид1 повикувајќи се на свои извори.
На социјалните мрежи нивните роднини и пријатели пишуваат за штрајкот на притворените. Нивниот притвор беше продолжен за 30 дена, а Апелација ги одби нивните жалби со кои бараа поблага мерка. Осомничените се за тероризам и уставно загрозување поради нивното учество во настаните од 27-ми април.
15.01.2018 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа