Во Тетово пронајдени остатоци од човечко тело

 

Вчера во 13 часот и 20 минути во Центарот за известување и команда Тетово било пријавено дека во атарот на село Брвеница, тетовско (зад фарма за свињи) се пронајдени остатоци од човечко тело.

Увид на местото на  настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Од МВР велат дека остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, биле пронајдени и обезбедени неколку парчиња облека. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.01.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега