Младо момче од Тетово заврши во болница: Со железен предмет го удирале кај ќе стигнат

23- годишно момче, вчера во тетовско, завршило во болница со поврди на главата и телото.

Имнно во 01 часот и 20 минути во СВР Тетово, од вработен во Клиничката болница Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен 23- годишниот  Б.Б од село Голема Речица, тетовско, со повреди на главата и телото.

Тој изјавил дека околу 22 часот и 20 минути на улица „Илинденска“ се сретнал со лицето Ј.  од Тетово, кој бил со уште едно непознато лице со патничко возило „БМВ“ со непознати регистарски ознаки. Во еден момент, Ј. со железен предмет му задал неколку удари во телото и главата. Откако Б.Б. паднал,  двете лица продолжиле да го удираат со клоци по телото. По кратко време, со возилото побегнале во непознат правец.

На Б.Б. му била укажана лекарска помош и бил задржан за понатамошно лекување.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.01.2018 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега