Полицијата упадна во угостителски објект во Тетово - уапсени три лица
Синоќа во периодот од 23:50 часот до 00:35 часот, Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, во содејство со полициски службеници од Полициската станица Тетово извршило акциска контрола во угостителски објект во Тетово.
Како што информираат од полицијата, при контролата, во објектот биле затекнати три женски лица од кои што едната била државјанка на Република Македонија, 26-годишната Д.С. и 18-годишната Н.Д. се државјанки на Република Албанија. Сите три лица биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против странските државјанки ќе биде поднесена пријава за злоупотреба на туристичкиот престој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа