Кривичен суд: Василевски, Арнаудов и Бетмен во моментот не штрајкуваат со глад

По информацијата дека Сашо Василески, Љубен Анранудов и Богдан Илиевски-Бетмен, обвинети за случувањата на 27. април минатата година, од вчера почнале штрајк со глад во истражниот затвор „Скопје“, објавена на порталот Охрид1, од Кривичниот суд информираат дека од затворот добиле известување дека во моментот нема штрајк со глад.

-Во моментот нема штрајк со глад, ова е известувањето што судијата за извршување на санкциите го доби од истражниот затвор „Скопје“, соопштуваат од Кривичниот суд.

На тројцата во текот на минатата недела им беше продолжен притворот од 30 дена, откако Апелацискиот суд ги одби нивните жалби.

Приведените се осомничени за тероризам и уставно загрозување поради нивното учество во настаните од април минатата година во македонскиот Парламент. 

 

 

 

 

15.01.2018 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега