Тешка кражба во Скопје - краделе нафта и акумулатори од паркирани возила

 

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишниот А.А. и 20-годишниот Ј.З. двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешки кражби“.

 Во периодот од 03 до 09.12.2017 година, во Скопје, во населбите Бутел и Шуто Оризари, пријавените од паркирана механизација (градежни машини и товарни возила) одзеле околу 550 литри нафта, 10 литри антифриз и четири акумулатори, со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 88.860 денари.

 

 

 

15.01.2018 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега