Тешка кражба во Скопје: Одземено големо количество на накит

Вчера во 18 часот и 30 минути 44- годишниот К.Х од Скопје пријавил дека од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба во неговиот стан на улица „Козле“.

Во извештајот од полицијата се вели дека во периодот од 04,00 часот на 04.01. до 17,00 часот на 14.01.2018 година сторителот со погоден предмет ја отворил вратата од балконот, влегол во станот и одзел машки рачен часовник марка „Брејтлинг“ од 1.200 евра, поголема количина златен накит, пиштол и куршуми кои оштетениот ги поседувал со дозвола. После тоа сторителот побегнал во непознат правец.

На тој начин, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 5.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

15.01.2018 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега