Кучиња скитници предизвикале две сообраќајки на автопатот Скопје-Тетово

 

Вчера во 20:00 и во 20:45 часот на автопатот Тетово-Скопје се случиле две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња-скитници, кои неконтролирано се движеле по коловозот и кои биле усмртени од патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот З.Н. од село Ларце и патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал 37-годишниот Т.А. од Студеничани. 

Од полицијата информираат дека во незгодите нема повредени лица.

 

 

 

15.01.2018 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега