Апелација денеска ќе одлучува за уште 9 жалби за случувањата на 27. април

 

Апелациониот суд во Скопјe и денеска ќе разгледа уште 9 жалби за продолжувањето на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април.

Седницата нема да биде јавна, бидејќи никој од осомничените не побарал нивните жалби да бидат разгледани на јавна седница.

Минатата недела Апелацискиот суд на јавни и на нејавни седници ги разгледа и ги одби жалбите на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, на актерот Владо Јовановски, на поранешниот директор на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, на Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски, кои остануваат во притвор.

Минатата недела Апелација на јавна седница ја разгледуваше и жалбата за продолжениот притвор и на пратеникот Сашо Василевски, но, одлуката сè уште не е официјално објавена.

Кривичниот суд во Скопје на 27 декември им го продолжи притворот за нови 30 дена и на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Борис Дамовски, додека пратениците, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски добија мерка куќен притворот.

Сите се обвинети за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

 

 

 

15.01.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега