Скопјанец се бори за живот: Го претепале за „Ауди“ од рент-а-кар

 

Четириесет и седум годишниот Ф.А. од Сарај со тешки повреди се бори за живот во Клиничкиот центар откако бил претепан.

Од полицијата информираат дека вчера во 15 часот и 20 минути на крстосницата од улиците „Црногорска“ и улицата  „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел патничко возило “Ауди А6“ (сопственост на рент а кар фирма), загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.

-По незгодата, Ф.А. пеш се дал во бегство, но сопственикот на рент а кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал. Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинса помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, информираат од полицијата.

За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од МВР посочуваат дека за бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.

 

 

 

16.01.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега