Обид за убиство во Охрид

 

 

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишниот Х.А. од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.

На 13.01.2018 година, во Охрид, додека 61-годишниот Х.У. се движел по улицата “Даме Груев“ бил пресретнат од пријавениот, инаку негов роднина, кој поради нерасчистени семејни недоразбирања, го нападнал со нож нанесувајќи му убодни рани.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одреден мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

16.01.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега