Маж со сукало влетал на бензинска во Скопје
Вработен во Агенција за обезбедување вчера пријавил дека на бензинска пумпа на бул. „Србија“ околу 21 часот и 40 минути вработените биле вознемирувани од маж кој кон нив упатувало пцовки, закани и навреди, а во рацете држел нож и сукало.
-По доаѓање на патрола од агенцијата за обезбедување, сторителот му упатил закани по животот и на И.М. вработен во агенцијата. Лицето е приведено од полициски службеници и утврдено е дека се работи за 28-годишниот С.П. од Скопје, кој што бил задржан во Полициска станица Кисела Вода, информираат од полицијата.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа