Сопружници од Скопје брутално претепани на улица среде бел ден
Во текот на вчерашниот ден 52-годишната Р.И. пријавила дека претходниот ден околу 15 часот на крстосница од улиците „Мелничка“ со „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од непознато лице.
Напаѓачот со возило им го попречил патот. С.И. излегол од неговото возило и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј со непозната содржина го испрскал неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата.
Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.
После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа